Џастин Бибер не е единствениот поради кој се води војна на Инстаграм: Еве зошто овие денови сите зборуваат за Селена Гомез и најубавата жена на светот

6 ноември, 20190
селена 2

Пред неколку години, јавноста се шокираше поради новото момче на Селена Гомез.

Тоа не беше Џастин Бибер, уште поважно, тоа беше момчето на Бела Хадид, една од најатрактивните манекенки во светот – пејачот The Weeknd!

Наводно, Бела тешко го поднела раскинувањето, но Weeknd и Селена не се грижеа за тоа и јавно се појавуваа и зборуваа за нивната љубов. Работите да бидат уште поиспреплетени, Селена и Бела се следеа на Инстаграм. Секако, кога сето ова се случи се отследија со брзнина на светлината…

Потоа, како што се случува, парот раскина, а пејачот и се врати на манекенката. Бела и Weeknd повторно уживаат во романтиката (во меѓувреме, тие повторно раскинаа, па се смирија), а сега американските медиуми забележаа дека Селена повторно ја следи убавата манекенка на Инстаграм. Бела сѐ уште „не се дава“, а дали ќе кликне follow на Инстаграм, ќе видиме во наредните денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *