Џенифер Лопез повторно ќе стане мајка?

3 декември, 20190
j lo

Пејачката се пофали

Американската пејачка-актерка, латино дивата Џенифер Лопез, според најновите натписи на National Enquirer, планира дете со шестгодини помладиот вереник, бејзбол играч, Алекс Родригез. Иако оваа година го прослави својот 50-ти роденден, извор за магазинот рече дека пејачката изразила желба за уште едно дете.

View this post on Instagram

11:11 🙏🏼😇

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Џенифер сака да има повеќе деца, така што таа и Алекс разговараа за тоа да имаат уште едно дете. Иако има 50 години, таа зборува дека биолошки чувствува како да има само 31 година. А на 44 години, Алекс е сè уште млад за повторно да биде татко “, објаснува изворот и додава дека пејачката секојдневно се подложува на интензивен тренинг и ригорозни диети  за да го ‘врати наназад биолошкиот часовник’.

Сепак, и покрај тврдењата на споменатиот магазин, никој од вљубениот пар не се огласил  во врска со пристигнувањето на нивното бебе. Инаку, и Џенифер и Алекс имаат деца од претходните бракови. Пејачката од бракот со музичарот Марк Ентони ги има 11-годишните близнаци Ема и Макс, додека бејзбол играчот со поранешна сопруга Синтија ги доби 15-годишната Наташа и 11-годишната Ела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *