21 септември, 2019

Радио

Холивудскиот актер Џорџ Клуни повика на бојкот на неколку хотели во САД и Европа поврзани со султанот од Брунеи, кој објави дека во април на сила ќе стапи  законот за казнување на хомосексуалците со каменување до смрт.

„Дали навистина треба да помогнеме во финансирањето на убиства на невини луѓе“, изјави Клуни за локалните медиуми во САД, додавајќи дека не треба да бидат поддржани таквите „режими на убијци“, ниту нивните банки, институции и финансиери кои соработуваат со нив.

Султанот Хасанал Болкијах има апсолутна власт во Брунеи, а споменатите хотели се во сопственост на Агенцијата за инвестиции во таа земја во Југоисточна Азија.

Клуни повика на бојкот на хотелите  The Dorhester и Coworth во Велика Британија, Beverly Hills и Bel Air во Лос Анџелес, како и во два хотели во Париз и по еден во Рим и во Милано.

Новиот закон против хомосексуалците стапува на сила на 3 април.

Остави коментар

Почетна // Забава // Џорџ Клуни: Да ја заштитиме геј популацијата, бојкотирајте ги хотелите на султанот!
Горе