Едната доби награда, а другата 9 килограми вишок: Сестрите Кардашијан повторно заедно на црвениот тепих

11 ноември, 20190
kkw

 Помина долго време откако членовите на семејството Кардашијан се сметаа само за реалити ѕвезди кои не добиваат покани за престижни настани. Не само што светот им подари почит по која копнееја, тие развија и неверојатна деловна империја, го сменија имиџот до тој степен да бидат модни икони, но дојде време да им се доделуваат и престижни награди!

Така беше синоќа, кога Кортни, Ким и Клои Кардашијан и нивната мајка-менаџерка, Крис Џенер, присуствуваа на People’s Choice Awards, каде што на Клои и беше доделена наградата – Реалити ѕвезда на годината. Иако веќе со години имаат реалити, сестрите Кардашијан не се познати како најспонтаните жени на светот, па така сите едвај чекаа да ги видат како разговараат на црвениот тепих пред камерите.

Иако Клои беше ѕвезда на вечерта, таа речиси не ни проговори – Ким зборуваше скоро цело време, ја прекина Кортни кога се обиде да каже нешто, а потоа се пожали дека добила девет килограми.

Што се однесува до нивниот избор на облека, сестрите Кардашијан повторно беа брилијантни, а фотографиите од нивните комбинации погледнете ги во галеријата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *