Емотивна сцена пред милиони: Како романтичниот принц Хари ја изненади Меган

8 март, 20190
megan

Многу девојки сонуваат да го пронајдат принцот кој ќе им го разубави животот, а на американската актерка Меган Маркл буквално и оди од рака.

Хари одлучил да ја изненади својата жена со романтичен гест и тоа за време на мотивационата конференција во Лондон.

Принцот Хари и Меган Маркл често се под лупата на јавноста, која од ден на ден ги следи нивните постапки и однесување, и се изложени на бројни критики, но овој пат гестот на вљубениот принц кон својата бремена жена сите ги воодушеви.

Имено, Хари одлучи да ја изненади својата сопруга со романтичен гест за време на мотивационата конференција во Лондон. Додека зборуваше за проблемите на денешницата и ги посочи предизвиците со кои се соочуваат младите во општеството, направи нешто неочекувано.

Во моментот додека неговата бремена жена и насмеана жена го следеше од првиот ред, тој одлучи да ѝ се заблагодари за нејзиното присуството во неговиот живот и ѝ се обрати со зборовите:

Мојата сопруга често ме потсетува на една од нејзините омилени мисли од Мартин Лутер Кинг: “Темнината не може да ја избрка темнината, тоа го може само светлината. Омразата не може да ја избрка омразата, тоа го може само љубовта“, рече заљубениот принцот и предизвика овации и воодушевување на присутните во салата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi