Eva Longoria никогаш послаба

22 февруари, 20190
eva 1

Актерката се пофали

Американската актерка Ева Лонгорија конечно успеа да го реши проблемот што ја мачеше во изминатите неколку месеци. Имено, пред седум месеци на свет го донесе синот Сантијаго, но и покрај тоа што малото дете ѝ даде неизмерна среќа, актерката за време на бременоста успеа да добие дваесет килограми повеќе, поради што беше цел на критики изминативе неколку месеци. Сега убавата актерка одлучи да се пофали со новата линија и на тој начин да им стави крај на „лошите јазици“ кои ја критикуваа поради нејзината дебелина.

Ева на својот Instagram профил објави видео на кое е видливо послаба и секако не изостануваат  комплиментите на фановите. „Изгледаш одлично“, „се врати Габриела Солис“, „Каква убавина“ се само некои од пофалбите упатени до поранешната „Домаќинка“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi