17 септември, 2019

Радио

Актерката Ева Лонгорија на отворањето на 72-от Филмски фестивал во Кан, блесна во розев фустан со длабок отвор и покажа дека успеала нејзината линија да ја доведе до совршенство за само десет месеци по породувањето.

На вториот ден од фестивалот, Ева исто така изгледаше беспрекорно во жолт комбинезон, кој е одлично решение и за дневни и за вечерни прилики.

Сепак, она што ги стопи срцата на нејзините обожаватели не е само нејзиниот изглед, туку една сцена која ја снимија папараците.

Актерката, исто така, го зема и малиот Сантијаго на филмскиот фестивал и заедно уживаа во брегот на француската ривиера.

Остави коментар

Почетна // Забава // Ева Лонгорија во ова ужива повеќе отколку во Канскиот фестивал
Горе