26 јуни, 2019

Радио

Разочарани се од она што го мислат дека го направила.

Некои од најпознатите лица на филмската индустрија оваа недела се забавуваат на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, кој започна на 14 мај и ќе трае до 25-ти мај. Големо внимание привлече 26-годишната актерка и пејачка Селена Гомез, која за овој настан одлучи да се појави во бел фустан потпишан од француската модна куќа Louis Vuitton. Меѓутоа, фановите ја нападнаа на социјалните мрежи, но не поради фустанот или накитот, туку поради нејзиното лице.

Имено, бројни фанови долго време дискутираа за „новото лице“ на младата поп-ѕвезда. Многу од нив мислат дека Селена поминала низ естетски корекции, меѓу кои и ринопластика, ботокс, филери во усните и образите.

„Зошто сите млади девојки го прават ова на своето лице? Што ќе биде кога ќе има педесет години? Предходно ми беше подрага и послатка, но сега се упропасти. Изгледаш старо и изботоксирано“, пишуваше во еден од коментарите. Најверните фанови на Селена веднаш застанаа на нејзината страна, тврдејќи дека ова е многу добра шминка и дека не направила ниту една пластична операција или корекција.


„За каква пластична операција зборувате? Луѓето не можат да го прифатат фактот дека луѓето се менуваат со текот на годините. Селена има врвен шминкер и нормално е да изгледа поинаку“, беа некои од коментарите во нејзина одбрана на социјалните мрежи.

Остави коментар

Почетна // Забава // Фановите ја нападнаа Селена Гомез
Горе