Фановите на „Game Of Thrones“ останаа без текст кога го видоа Jon Snow без брада

11 април, 20190
jon

На многумина ќе им биде многу потешко да ја изгледаат последната сезона на „Game Of Thrones“.

Ни остана во сеќавање по неговите храбри дела, но исто така и по брадата што го следеше од сезона во сезона.

Сепак, неговиот последен потег многумина ги остави во шок, особено жените, бидејќи одлучи да ја избричи својата најпрепознатлива брада.

Не требаше да помине долго време од неговото појавување на телевизија, за да почнат да реагираат на Твитер.

И заклучокот на скоро сите е дека она што го направил е – богохулие.

– Ја избричив брадата, за да изгледам како пред пубертет. Сепак, не знам што значи ова, бидејќи сценаристите ми рекоа ова да ви го кажам, рече Harington за време на неговото гостување во познатата хумористична емисија Saturday Night Live“ .

Освен оние кои останаа шокирани од неговиот изглед, имаше и такви кои не ги напушти надежта дека наскоро ќе го видат со брада.

– Ако можеше да се врати од мртвите, сигурно повторно може да ја пушти брадата, беше еден од коментарите на Твитер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi