22 септември, 2019

Радио

Пејачката предизвика вистинска паника

Cardi B, моментално една од најголемите женски рап ѕвезди во светот, минатиот викенд непријатно ги изненади своите бројни фанови кога на Twitter објави загрижувачка порака. “Би сакалa да сум мртвa”, напиша таа и набргу потоа ја избриша пораката, но нејзините загрижени фанови веднаш почнаа да паничат дека ова е повик за помош.

Иако таквата порака едноставно може да значи дека е уморна или дека се нашла во некаква непријатна ситуација, фановите веднаш се посомневаа дека нешто не е во ред, но нивната утеха е дека Cardi не се повлече од социјалните мрежи, туку истиот ден објави нови твитови. Меѓутоа, таа не одговори на прашањето што ја доведе да ја посака сопствената смрт.

View this post on Instagram

Jimmykimmel tonight ….#DIORDICK#DIORPUSSY

A post shared by MOSTHATEDCARDI (@iamcardib) on

Потсетуваме, вистинското име на 26-годишната пејачка е Belcalis Almanzar, а покрај карактеристичниот стил, таа е позната и по нејзината импулсивност, која често завршува лошо за неа. Така, пред неколку месеци, таа мораше да ги откаже концертите, олеснувајќи го својот џеб на неколку милиони, бидејќи не ги следеше инструкциите на лекарот по пластичната хирургија, по што таа се здоби со отоци. Но, тоа не го криеше, туку на своите фанови им сподели фотографија од нејзините отечени нозе.

Остави коментар

Почетна // Забава // Ги загрижи фановите: „Би сакала да сум мртва“
Горе