Го турнала насред бакнување: Згодниот актер за прв пат зборува за неговиот однос со Меган Маркл

4 октомври, 20190
меган

Во серијатa скандали од минатото на поранешната актерка, денес Војвотка од Сасекс, се појави уште еден – популарниот актер сподели непознати детали од нивниот поранешен состанок. Американскиот актер Симон Рекс (45) им откри на странските медиуми дека во една прилика излегол со Меган Маркл (38) на романтичен состанок. Сепак, љубовта не траела затоа што војвотката од Сасекс го оставила поради неговиот лош здив откако се бакнале во автомобилот по романтичната вечера.

– Таа ме турна. Беше многу непријатно. Рече нешто како: „О, Боже, лук“. Бев толку глупав, се смеев. Таа не беше безобразна или нешто слично, беше само искрена – рече тој.

Кога ја поканил на друг состанок, поранешната актерка го одбила, а покрај здивот, Симон мисли дека Меганн го истражила неговото минато, па открила дека порано глумел во филмови за возрасни.

– Можеби дознала сè. Има толку многу прашања на кои не го знам одговорот. Не знам зошто не отидовме на друг состанок, но верувам дека лошиот мирис е виновник – вели Симон, кој јадел тестенини со лук за време на нивната вечера.

Патем, Меган и Симон се запознале во 2004. година.

– Меган е многу добро воспитана и образована. Не е лоша девојка. Затоа веројатно не ни кликнавме. Кога ја замолив да излеземе повторно, сфатив дека таа не е заинтересирана за мене“, рече тој.

Сепак, тој брзо ја замени Меган со богатата наследничка, Парис Хилтон (38). Тие беа во врска три месеци, но раскинуваа и смируваа вкупно четири години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *