Гвинет Палтроу не живее со сопругот, а причината е неверојатна

11 јуни, 20190
g

Иако практично само што го започнаа брачниот живот, холивудската актерка Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг, Бред Фалчук, не живеат заедно. Двајцата живеат целосно неконвенционален живот. Тие се венчаа во септември минатата година, по што отидоа на Малдиви со нејзините деца.

На Малдиви им се придружи и нејзиниот поранешен сопруг, музичарот Крис Мартин. Во интервјуто за “Сандеј тајмс”, таа откри дека таа и нејзиниот сопруг поминуваат само четири дена во неделата заедно, а останатите три дена таа престојува во нејзината куќа.

– Сите мои венчани пријатели веруваат дека начинот на кој живееме е идеален и дека не треба да го менуваме, рече Гвинет. Исто така, откри дека за оваа ситуација  зборувала со нејзиниот учителка за интимност, Микаел Бом, кој ѝ дала дозвола за овој потег. И додека овој вид на брак е толку пријатен за неа, Гвинет вели дека ја поддржува новата врска на нејзиниот поранешен сопруг Крис, кој во моментов е со актерката Дакота Џонсон, ѕвездата на филмот “Педесет нијанси сиво”.

View this post on Instagram

Sunday brunch #modernfamily

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *