20 октомври, 2019

Радио

Во моментов, најпознатата кралска двојка повторно е на мета на критики од незадоволните граѓани. Имено, во градот Брајтон е покрената е петиција за изгласување за одзимање на кралските титули во нивниот град. Граѓаните се лути бидејќи парите што им се одземаат за данок се даваат на кралското семејство. Петицијата досега ја потпишаа 2.000 лица, а Градскиот совет ќе го разгледа предлогот во наредните недели. Бидејќи Брајтон припаѓа на провинцијата Источен Сасекс, граѓаните заклучија дека не сакаат да имаат такви претставници.

Хари и Меган се на жесток удар затоа што тие се официјално војводата и војвотката од Сасекс. Покрај тоа што бараат да бидат одземени нивните титули, граѓаните бараат и градоначалникот на Брајтон да не ги поканува членовите на кралското семејство на какви било посети.

Потсетуваме, принцот Хари ја доби титулата Војвода од Сасекс кога се ожени со актерката Меган Маркл, правејќи го втор војвода од Сасекс во историјата и прв во последните 175 години. Незадоволството на граѓаните започна кога се дозна дека парот троши пари на чести приватни летови и лични работи.

Остави коментар

Почетна // Забава // Хари и Меган остануваат без кралската титула?
Горе