Heidi Klum на медениот месец го покажа венчалниот прстен

16 август, 20190
h

Манекенката Heidi Klum и нејзиниот сопруг Tom Kaulitz неодамна го кажаа судбоносното ‘да’ на луксузната јахта во близина на италијанскиот остров Капри и со истата јахта продолжија на нивниот меден месец. Колку е среќна, манекенката честопати покажува на социјалните мрежи, а сега конечно го откри и венчалниот прстен, од 17-години помладиот сопруг.

View this post on Instagram

😎❤️

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Облечена во фустан со цветен дезен и очила за сонце, Heidi не ја симна насмевката, фалејќи се на своите обожаватели со златниот симбол на вечна љубов.

Потсетуваме, славната манекенка и младиот вереник се најдоа во центарот на вниманието во февруари минатата година, кога беше откриено дека 46-годишната убавица се бакнува со 17-години помладиот контроверзен музичар. Исто така, медиумите веќе неколку пати шпекулираа за новиот член во семејството на славната двојка, а последното шушкање за бременоста започна пред околу десетина дена кога Heidi беше фатена како шета низ градот во широка кошула која го потенцираше нејзиниот стомак. Ако најновите гласини за бременоста се вистинити, на манекенката ова ќе и биде петто дете, додека на 29-годишниот музичар прво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *