И како девојче сакала да го промени светот: Се појави видео од Меган Маркл како на 11 години го кажува нејзиниот став!

15 октомври, 20190
meghan

Војвотката од Сасекс, за прв пат се појавила на малите екрани на само 11 години, а уште тогаш имала јасно дефиниран став и била склона да размислува феминистички.

Во овој период, Меган, заедно со своите соученици, имале задача да разгледуваат некои тековни реклами и да ги коментираат пораките што ги испраќаат.

Таа требала да размисли за тоа како жената е претставувана во нив и каква е нејзината позиција.

„Мислам дека не е во ред девојчињата да пораснат мислејќи дека мајките се оние што прават сè“, рече тогаш 11-годишната Меган, додавајќи дека во секоја трета реклама може да слушне нешто што може да повреди нечии чувства.

Училишната задача ја навела да напише писмо до компанијата Procter & Gamble во чија реклама се спомнуваат само жени. Оваа иницијатива се оствари, па компанијата на крајот направи корекција во рекламата, така што зборот „жена“ е заменет со „луѓе“.

И денес, таа се бори за правата на жените, како во развиени, така и во помалку развиени општества, а во тоа добива голема поддршка од сопругот Хари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *