Irina само што се отсели: Lady Gaga се всели во куќата на Bradley Cooper

16 јули, 20190
lady gaga

Сепак таа е виновна за разделбата на актерот и манекенката?

Веќе неколку месеци се шпекулираа дека американската пејачка, 33-годишната Lady Gaga и американскиот актер, 44-годишниот Bradley Cooper се заедно, а неодамна магазинот „In Touch“ напиша дека двојката го очекува своето прво дете. За истото списание, извор близок до двојката вели дека пејачката почнала да преселува во куќата на Bradley во Њујорк вредна 13,5 милиони долари.

„Сега кога неговата врска со Irina е завршена, Gaga нема да дозволи Bradley „да се лизне” од нејзините раце. Таа дури дел од своите работи ги премести во неговиот дом “, вели изворот, додавајќи дека заедничкиот живот е логичен тек на настаните, бидејќи тие се многу заљубени .

„Не мора повеќе да се кријат или да се преправаат”, вели изворот.

Бредли, наводно, ослободил дел од плакарот за Gaga, а неа не и требаше многу време за да го пополни.

„Купи многу облека, чевли и се разбира, долна облека”, тврди изворот за гореспоменатото списание и вели дека пејачката придонела за уредување на домот со неколку парчиња мебел.

Списанието „In Touch“, исто така, вели дека прашање е време кога ќе се венчаат, бидејќи и двајцата тоа го посакуваат.

„Нивната свадба ќе биде голема и раскошна“. Се разбира, тие сакаат и дете. Тие би сакале на малата Леа да и подарат братче или сестричка”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *