Исповед на Селена Гомез: Среќна сум што болниот дел од животот е зад мене

28 октомври, 2019
selena

Oткако поп-ѕвездата Џастин Бибер се ожени по втор пат со манекенката Хејли Болдвин, сите очи беа вперени на поранешната љубов, пејачката и текстописец Селена Гомез. Таа, како и секој уметник, тагата од нејзиното скршено срце ја преточи во песна, па нејзиниот нов хит „Lose You To Love Me“ направи вистински хаос.

– Се чувствувам одлично, и ова е совршен момент за објавување на овие песни, затоа што ако ги објавев пред две години, ниту еден од моите зборови не би бил доволно силен. Тоа што направив дистанца  и навистина ги доживеав сите чувства низ кои поминав, ме натера да бидам благодарна. Ја напишав оваа песна пред околу една година, а денес се чувствувам сосема поинаку од кога ја напишав. Ќе беше многу потешко да ја објавив кога ја напишав, сега се забавувам, рече пејачката во шоуто на Рајан Сикрест и додаде:

– Знам дека постојат илјадници луѓе кои се чувствувале и поминале низ сè што поминав јас, и дека за нив сето тоа е неверојатно реално, но секогаш ќе има злобни и негативни луѓе и затоа морам да внимавам. Од сè што поминав и искусив на крајот излезе нешто позитивно, еднакво убаво и грдо, и јас сум среќна што го оставив тоа поглавје од мојот живот зад мене –  беше Селена искрена.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi