Ја изгувив мајката, а сега мојата сопруга е жртва на истата моќна сила

3 октомври, 20190
megan

Кога актерката Меган Маркл стана член на британското кралско семејство, никој не претпоставуваше каква популарност ќе достигне. Таа дури успеа да ја стави во втор план миленичката на Британија, војвотката Кејт. Големата популарност донесе и критики, а нејзиниот сопруг, принцот Хари не е најмалку среќен што неговата сопруга е во центарот на вниманието. Војводата од Сасекс изјави дека се плаши за безбедноста на неговата сопруга и стравува дека нејзината судбина може да биде иста како онаа на неговата мајка, трагично настраданата принцеза Дајана. Тој ги обвини британските медиуми за насилство и постојана пропаганда.

– За жал, мојата сопруга стана последната жртва на нашите медиуми. Тие водат пропаганда против поединци без да размислуваат за последиците – сè ескалираше со текот на годините, особено за време на нејзината бременост и сега додека го одгледуваме нашиот син. Оваа сурова пропаганда со себе носи човечки жртви, особено кога знаеме дека е лажна и злонамерна и покрај тоа што се обидуваме да останеме храбри, не можам да опишам колку е болно, истакна принцот Хари.

– Мојот најголем страв е дека историјата ќе се повтори. Ја изгубив мајка ми, а сега мојата сопруга е жртва на истата моќна сила – заклучи војводата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *