Ја изневерувал додека била бремена: Она што го кажа Клои за Тристан ги изненади сите

5 јуни, 2019
k

Клои Кардашијан беше бремена кога дозна дека нејзиното момче, кошаркарот Тристан Томсон ја изневерува. Откако го надмина првиот стрес, таа одлучи да му прости за прељубата, најпрво поради нивната ќерка, на која ѝ даде симболичко име Тру (Вистина).

Сепак, Тристан не застана тука, па набрзо повторно ја изневери со најдобрата пријателка на Кајли Џенер. Клои дефинитивно стави точка на нивната љубов, но изгледа дека него сè уште не го заборавила. Во последната епизода на „Keeping Up with the Kardashians“, таа и призна на својата пријателка дека сè уште го сака.

– Целата мојата енергија е насочена кон Тру. Се обидувам што помалку да мислам, затоа што тогаш секој пат се прашувам каде е Тристан и што прави? “, рече Клои.