8 април, 2020

Радио

Кејт Мос долго се обидуваше да ја задржи ќерката Лила Грејс (17) подалеку од постојано будно око на јавноста, бидејќи на сопствената кожа почувствувала колкав е притисокот и какви се последиците.

Сепак, Лила одлучи да ги следи стапките на нејзината мајка и веќе ниже успех во светот на модата.

Кејт, Лила Грејс ја доби со Џеферсон Хек, сопственик на издавачка куќа, и тие двајцата се обидоа да ја задржат својата ќерка што е можно подалеку од страниците на жолтиот печат на кои често завршуваат децата на познатите родители .

Долго време, јавноста не можеше да види ниту една фотографија од нејзината ќерка, но сега кога таа порасна донесе одлука да влезе во светот на модата. Судејќи според сѐ, Кејт нема да застане на нејзиниот пат.

Се започна со насловната страница за магазинот Vogue, каде мајката и ќерката позираа заедно.

Многумина коментираа дека Лила е многу поубава од нејзината мајка, а дизајнерите и предвидуваат уште поголема кариера од онаа на Кејт.

Остави коментар

Почетна // Забава // Ја освои модната сцена: Ќерката на Кејт Мос денес е вистинска убавица!
Горе