19 ноември, 2019

Радио

Во емотивно интервју, војвотката од Сасекс, Меган Маркл (38), зборуваше сосема искрено за животот во и тајните што не беа познати досега.

Таа призна дека не цветаат рози како што мислат сите, и дека понекогаш им е многу тешко.

– Ние не живееме, ние преживуваме. Не е лесно да се балансира и да се справи со сето ова внимание на медиумите – рече таа на почетокот на интервјуто.

Интервјуто е снимено за време на нејзиното патување во Африка, а сопругата на принцот Хари изјави дека животот во дворецот не е воопшто лесен.

– Моите пријатели ми зборуваа да не се омажам за Хари, ми зборуваа дека животот може да биде катастрофален. Вистината е, дека пред и за време на породувањето се чувствував загрозено  и бев под голем стрес – изјави таа.

Меган објасни дека нејзиниот живот драстично се променил откако станала член на британскиот кралство, иако била актерка во САД и е навикната на светлото од рефлекторите.

– Мислам дека никој не ме разбира. Сакам да бидам среќна, се обидов да бидам студена, да се прилагодам, но тоа е невозможно. Кога започнав да се дружам со Хари, пријателите од САД беа воодушевени, а пријателите од Велика Британија ми кажаа дека таблоидите ќе ми го уништат животот. Не е лесно да се живее вака, кога човекот чува сè во себе, може да биде погубно – додаде таа.

На прашањето како се чувствува сега, таа одговори дека не е лошо, а потоа и се заблагодари за прашањето, бидејќи, како што рече, многу долго време никој не ја прашал како навистина се чувствува. Интервјуто кое таа го даде прилично ја потресе Велика Британија.

Остави коментар

Почетна // Забава // „Јас не живеам, јас преживувам“: Меган Маркл до детаљ го опиша тешкиот живот и откри тајни кои досега не и беа познати на јавноста
Горе