Jennifer Aniston откри зошто никогаш не станала мајка

3 мај, 2019
j

Актерката која играше во улогата на Рејчел Грин во серијата „Friends“, Џенифер Анистон, во февруари го прослави својот 50-ти роденден, а никогаш не стана мајка. Таа се разведе од актерот Бред Пит во 2005. година, бидејќи тој ја остави за Анџелина Џоли со која има шест деца, а пред две години се разведе и од другиот сопруг Џастин Теру. Во интервју за Huffington Post ја откри причината поради која никогаш не родила дете.

https://www.instagram.com/p/BwzXPGVhklA/

„Со години се шпекулираше за тоа дали сум бремена и кога ќе бидам и тоа навистина ме исцрпи. Секој пат кога јадев сендвич, некој ќе ме сликаше, а потоа ќе започнеше дискусија околу тоа дали сум дебела или бремена. Нашето општество верува дека жената не е реализирана ако нема сопруг и ако не стане мајка. Јас не се чувствувам неисполнето бидејќи не сум мајка “, рече Џенифер. Таа призна дека не родила, бидејќи идејата за мајчинство со текот на времето почнала да ја плаши, но сепак никогаш не ја исклучила таа можност. По разводот со Бред, таа рече дека дефинитивно ќе работи на тоа да стане мајка и дека е убедена дека ќе има деца.