17 ноември, 2019

Радио

Познатaта пејачка и најуспешната латино ѕвезда на денешницата, Jennifer Lopez, на нејзиниот Instagram се пофали со прекрасни форографии од забава на нејзиниот 50-ти роденден, на кои се гледа како таа со вереникот Alex Rodriguez и пријателите одлично се забавуваaт во еден клуб.

Бескрајно вљубениот Rodriguez на својата вереница и одбра луксузен подарок – скапоцено црвено Porsche. Почетната цена на овој автомобил е 120.700 долари и има 450 коњски сили.

Освен подарокот, Алекс на Jennifer и посвети прекрасно видео на Instagram: „Откако сме заедно, јас секојдневно се чувствувам како да ми е роденден. Ти благодарам за твојата страст и енергија, ти си ми вечна инспирација, секогаш се трудиш да бидеш најдобра што можеш. Ти си најдобриот живот партнер, најдобра ќерка и мајка. Најдобар изведувач. Те сакаме “, додаде Алекс.

Остави коментар

Почетна // Забава // Jennifer Lopez својот 50-ти роденден го прослави со стил: Само за неа подарок од 450 коњски сили
Горе