16 септември, 2019

Радио

По исполнетата двегодишна љубовна врска, заокружена со романтичната веридба на Бахамите, сите со нетрпение ја чекаа веста за свадбата на Џенифер Лопез и Алекс Родригез.

View this post on Instagram

3.9.19✨♥️

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Ниту приказните за наводното неверство на поранешната бејзбол ѕвезда не успеаја да ја разнишаат среќата на познатата двојка, која секојдневно на социјалните мрежи споделува докази за нивната љубов. Затоа пејачката многумина ги изнанади со изјавата дека венчавката ќе мора да почека, и тоа ниту повеќе ниту помалку, туку поради деловни обврски.

View this post on Instagram

13 💙⚾️

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

– Сè уште не планираме ништо. Само што се веривме. Ме чекаат  големи деловни проекти што треба да завршам до крајот на годината, па искрено не знам што ќе се случи. Всушност, не сме сигурни дали сакаме да се венчаме во толку густ бизнис распоред или ќе почекаме уште малку. Не знам уште ништо – странските медиуми ја цитираа Џенифер Лопез.

Остави коментар

Почетна // Забава // Jennifer Lopez сите ги изнанади: Ништо од свадбата!
Горе