19 ноември, 2019

Радио

Oд кога во светските таблоиди се појави вестa дека најмладата милијардерка во светот, Кајли Џенер раскина со Тревис Скот, со кого има ќерка, парот не даде никаков коментар, а како причина се појавија шпекулации за неверство што предизвика лавина озборувања…

Сепак, Кајли реши да ги извести своите обожаватели преку најмоќните медиуми во моментов – социјалните мрежи, што се случува во нејзиниот љубовен живот и дали е разделена со Тревис.

– Јас и Тревис сме во одлични односи и приоритет ни е Сторми! Нашето пријателство и нашата ќерка се наши приоритети – напиша Кајли Џенер на Тwitter.

И, тогаш се надоврза на озборувањата дека причина за раскинувањето е наводната афера на Травис, како и нејзината обновена романса со раперот Тајга.

– Интернетот прави сè да изгледа 100 пати подраматично отколку што навистна е. Немаше никаков „состанок со Тајга во два навечер“. Она што можевте да го видите е како ги однесов моите пријатели во студиото во кое тој случајно се наоѓаше “, додаде Кајли во новиот пост.

Остави коментар

Почетна // Забава // Кајли Џенер одговори на гласините за раскинувањето: Интернетот прави сè да изгледа 100 пати подраматично
Горе