6 април, 2020

Радио

Во моментов, најбараниот супермодел Кара Делевин ги збуни следбениците на Твитер.

Кара, која е во врска со актерката Ешли Бенсон, кратко напиша – „Ешли и јас раскинавме“.

Фановите и следбениците и поставија многу прашања, но тој твит набрзо беше избришан. Наместо него, се појави друг твит „подарувам iPhone телефони“, поради што многумина се сомневаат дека некој го хакирал нејзиниот профил.

View this post on Instagram

😂

A post shared by Cara Delevingne (@caradelevingne) on

View this post on Instagram

Little glam car selfie 🦄

A post shared by Ashley Benson (@ashleybenson) on

Кара Делевин (27) пред извесно време зборуваше за нејзината врска и за магазинот „Elle“ изјави дека никогаш не била посреќна.

„Едноставно сум подобра личност кога сум заљубена. Неверојатно е чувството кога знаеш дека не си сам, кога некој е со вас на секој чекор од патот додека се борите за своето место во светот“, рече таа.

„Не сакам никогаш, јавноста да помисли дека се срамам од мојата љубов или дека ја кријам. Горда сум на мојата девојка, но признавам дека ми требаше некое време да се опуштам доволно за да зборувам за тоа постојано. Во претходните врски, не објавував заеднички фотографии на социјалните мрежи, но со Ешли, се е поразлично“, рече таа.

Манекенката и актерката се во врска речиси две години, а сè уште не се огласија за приказните за раскинувањето.

Остави коментар

Почетна // Забава // Кара Делевин е повторно сама или повторно жртва на хакери?
Горе