25 јуни, 2019

Радио

Манекенката Кендал Џенер веќе некое време е во врска со кошаркарот Бен Симонс, но тоа не ја спречува да „гледа наоколу“.

Пријатели на популарната „сестра Кардашијан“ им открија на медиумите дека и се допаѓа продуцентот Себастијан Бер Меклард, сопругот на манекенката Емили Ратајковски!

„Мисли дека е преубав и зборува за него цело време. Емили не знае, а Кендал се обидува да помине повеќе време со неа, само за да биде во негова близина“, изјави неименуван извор близок на манекенката за „Radar Online“.

„Таа кажа дека навистина не би и го украла на Емили, но дека многу и се допаѓа“. Не му завидуваме на нејзиното момче …

Остави коментар

Почетна // Забава // Кендал Џенер му „фрли око“ на сопругот на атрактивната колешка
Горе