Kendall Jenner: Голем дел од мојот живот се чувствував како да не сум дел од семејството

19 април, 20190
kendal

Не е секогаш лесно да се биде дел од кланот Кардашијан/Џенер. Петте сестри – Кајли, Кендал, Кортни, Ким и Клои не само што ги освоија екраните, туку и доминираат во царството на модата, шминката и козметиката.

Тие навистина се тим од соништата, но не е сè секогаш толку магично. Во интервју за Телеграф, Кендал Џенер призна дека честопати се чувствувала како да не е дел од семејството, бидејќи таа ниту ментално ниту физички не потсеќа на остатокот од нејзиното семејство.

– Моите сестри имаат облини за разлика од мене. Тие имаат гради, а јас ги немам. За време на моето растење секогаш бев слабо девојче што ги гледаше своите сестри и се прашував дали треба да бидам атрактивна како нив. Голем дел од мојот живот се чувствував како да не сум дел од семејството “, рече таа.

https://www.instagram.com/p/BwXkMU3jtgZ/

Кендал откри и дека помалку се појавува реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ затоа што некои делови од нејзиниот живот сака да ги задржи во тајност. Самата себеси се нарече „бубалица во семејството“ и „многу поразлична од другите“.

Иако тоа и пречело во текот на нејзиното растење, таа сега вели дека и е драго што е така.

– Ми се допаѓа што мојата вибрација е поинаква. Сакам поразлични нешта од моите сестри, и тоа е во ред “, објасни таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *