Kim го откри името на четвртото дете?

14 мај, 20190
kim 3

Најобично досега

Ријалити ѕвездата, 38-годишната Kim Kardashian и нејзиниот сопруг, 41-годишниот рапер Kanye West, во четвртокот го добија своето четвртото дете. Парот кој ги има петгодишната ќерка North, тригодишниот син на Saint и еденогодишната Chicago во петокот добија уште еден син кој на свет го донесе сурогат мајка, и иако гордата мајка за среќната вест се пофали на нејзиниот Твитер профил, името на детето не беше познато досега.

View this post on Instagram

Merry Christmas 🎄

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Сепак, верните обожаватели на ѕвездата се убедени дека Kim на индиректен начин го откри името на новородениот син. Имено, со последните објави на Твитер, особено оние поврзани со раѓањето на момчето, Kim ставаше emoji од мече, а нејзините пријатели се убедени дека токму тоа е името. Позната мајка го одбра името Bear за најмладото дете.

Исто така, на социјалните мрежи се рашири теоријата дека ѕвездaта го одбрала ова име во чест својот сопруг чиј роден град е Chicago, односно по Chicago Bears, американски фудбалски тим. Иако никој од познатото семејство не се огласи за последните натписи, фановите на Kim се убедени дека на семејството му се придружи на Bear West.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *