Kim Kardashian како Barbie: Планот и пропадна, но снаодливиот Kanye спаси се
Американската ѕвезда и модел, Ким Кардашијан (38) имаше свое телевизиско шоу, мобилна апликација, make-up линија и други производи што го носеа нејзиното име, а таа на нејзиниот профил откри дека нејзиното лице требало да ја краси светски популарната кукла Barbie. Сепак, оваа соработка не се реализираше, што поприлично ја растажи Kim. За среќа на Kardashian, нејзиниот сопруг Kanye (41) во последен момент ја спаси целата работа. West успеал да склучи договор со Mattel, така што нарачал посебен прототип на кукла, направена со ликот на саканата сопруга и на тој начин ја спасил брачната идила.
Дека познатиот рапер и музички продуцент нема проблем со скапите подароци, докажа неодамна кога на сопругата „под елката“ и подготви подарок во вредност од 14 милиони долари, а станува збор за луксузен стан во елитниот дел на Miami Beach.
Среќната двојка го чека нивното четврто дете, кое ќе го роди истата сурогат мајка, која ја роди ќерката Chicago, а терминот би требло да биде во мај.