Ким Кардашијан расплакана призна: Ми се заканува неизлечива болест

12 септември, 20190
kim

Ким Кардашијан (38) со денови не се чувствува добро и се жали на болки и отоци во зглобовите.  За да утврди дали е сè во ред со нејзиното здравје, реалити ѕвездата ги направила потребните медицински испитувања.

– Во последно време ме болат зглобовите, но на поинаков начин од порано. Како да ме боли длабински во коските – рече Ким во новата епизода од шоуто „Keeping Up With The Kardashians“.

Веднаш штом пристигнаа резултатите, нејзиниот лекар Даниел Волас и се јави за да ја извести, но Ким не ни претпоставуваше дека веста ќе биде лоша.

– „Твоите антитела се позитивни за лупус и ревматоиден артритис“, рече лекарот, додавајќи дека Ким има типични симптоми за двете болести.

Штом го слушна ова, реалити ѕвездата почна да плаче.

Нејзиниот доктор се обиде да ја смири велејќи и дека не може само врз основа на овие тестови, кои честопати можат да дадат погрешни резултати, да бидат во нешто сигурни, туку дека треба да се направат уште многу анализи.

Но, тој како залудно да зборуваше … Ким постојано повторуваше дека нема да биде смирена деновиве и не можеше да поверува дека ова и се случува.

– Вакви работи ви влегуваат во глава и почнувате да размислувате за најлошите можни исходи. Наредните неколку дена ќе ми биде навистина пекол затоа што постојано ќе се прашувам што имам и како да се справам со тоа. Нема да знам што имам се до петок – изјави Ким со солзи во очите, која доби огромна поддршка од нејзините најблиски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *