Ким Кардашијан се врати во Белата куќа за да разговара за реформите во затворот

19 јуни, 20190
ким 0

Ким Кардашијан се врати во Белата куќа за јавно да ги поддржи поранешните затвореници и да промовира квалитетен живот по затворот. Телевизиската ѕвезда конкретно разговараше за новата програма за овозможување на транспорт, која ќе им помогне на поранешните затвореници за полесен превоз на интервјуа, работа и други настани со цел да им помогнат да добијат работа и да останат на вистинскиот пат. Трамп изрази поддршка за ѕвездата велејќи: „Претпоставувам дека е доста популарна“.

Ова не е првпат Кардашијан да разговара во Белата куќа за прашањата на реформите на системот за кривичната правда. Минатата година таа успешно го убеди Доналд Трамп да ја амнестира Алис Мари Џонсон, 63-годишна жена, која служеше доживотна казна без условно ослободување заради казнено дело со дрога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *