Ким од сопругот доби роденденски подарок од милион долари
Американската реалити ѕвезда, членка на познатиот клан Кардашијан – Џенер, Ким Кардашијан, го прослави својот 39 роденден, а во оваа пригода, на многу фанови, им се пофали со подарокот од нејзиниот сопруг, 42-годишниот рапер, Канје Вест. Иако досега беше познат по своите скапи и екстравагантни подароци, раперот овој пат се надмина себеси, давајќи и на сопругата, донација од 1 милион американски долари.
Ким на својот Instagram профил се пофали дека Канје донирал 1 милион американски долари за добротворни цели, во нејзино име. Оттука, голема сума пари добија организациите „Cut 50“, „Buried Alive Project“, „Equal Justice Initiative“ и „Antic-Recidivism Coalition“.
„Тој донираше 1 милион долари во моите омилени хуманитарни организации кои напорно работат на реформите во затворите, и тоа во мое име. Ова ме прави навистина среќна “, напиша реалити ѕвездата.