Ќе се стопите поради ова неодоливо русокосо момче: Синот на Anna Kournikova и Enrique Iglesias ја наследил убавината на мама, а шармот на тато
Anna Kournikova и Enrique Iglesias се едни од најпознатите двојки во светот, кои со години се отпорни на различни искушенија. Понекогаш во јавноста ќе исплива по некој трач, но тие докажуваат дека заедницата и семејството им се на прво место, а тоа особено го прават откако добија близнаци.
Enrique на социјалните мрежи повремено споделува нови слики и видеа од нивниот приватен живот, па така имаме можност да ги видиме девојчето Lucy и момчето Nicholas.
Сега Iglesias објави видео од 15-месечен Nicholas, кој е прекрасно русокосо момче. Момчето на видеото ги имитира звуците што ги слуша од устата на неговиот татко и не постои сомнеж дека на многумина веќе им го украде срцето со неговиот неодолив изглед.
Видеото го погледнале повеќе од еден милион луѓе, а многу обожаватели на Iglesias се согласуваат дека Nicholas е вистински татин наследник.