Кога гласините ќе станат вистина: Ирина Шајк и Бредли Купер повеќе не се заедно

17 мај, 20190
ирина

Бредли Купер и Ирина Шајк, наводно, повеќе не се заедно и одлучиле секој да продолжи по својот пат, е веста за која најмногу се зборува последниве денови . Еден од најубавите холивудски парови, моделот и актерот веќе некое време не живеат заедно, пишува MTO News. Иако се шпекулираше дека сево ова се должи на актерката и пејачка-текстописец, Лејди Гага, со која Бредли помина многу време поради филмот „A Star Is Born“, непознат извор вели дека причината е сосема нешто друго.

Причината за разделбата, наводно е желбата на манекенката, деталите за нивната врска да бидат јавни, а тоа на актерот не му се допаѓа. Имено, Бредли би сакал приватниот живот да го задржи подалеку од социјалните мрежи и очите на јавноста.

Нивниот брак не функционира веќе некое време, дури и пред гласините за аферата со која го поврзуваа убавиот актер и пејач.

Ирина неодамна почна да објавува провокативни фотографии на социјалнита мрежи, а на Мет Галата дојде сама, без придружба. Последен пат заедно беа видени во јавноста на Оскарите кои се одржаа во февруари оваа година. Бредли и Ирина се заедно од 2015. година и имаат двегодишна ќерка, за која не зборуваат често во медиумите.

https://www.youtube.com/watch?v=ojMHnTWScBA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *