Конечно: Џенифер Анистон е повторно вљубена!

2 декември, 20190
jjj

Иако во последно време често се пишуваше за нејзиниот тежок период предизвикан од болните раскинувања, судејќи според најновите фотографии, миленичката на американската публика, 50-годишна актерка Џенифер Анистон, тагата ја остави зад себе. Поточно, фотографите ја фотографирале Џенифер во друштво на неколку пријатели, при што посебно внимание привлече човекот со кого Анистон беше многу блиска.

Веселото друштво на актерката, водителот Џими Кимел, актерот Џејсон Батман и режисерот Вил Спек беа забележани додека го напуштаа ресторанот „Сан Висенте“, а иако сите беа видливо расположени, најмногу внимание привлече Џенифер, која беше фатена како се бакнува со 49-годишниот режисер.

И покрај големото внимание што го привлекоа неодамнешните фотографии и гласините дека Џенифер конечно пронајде нов маж, никој од главните актери се уште не одговори на шпекулациите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi