Конечно е подготвена за ново момче: Selena Gomez ги преброди здраствените проблеми, а ова се нејзините планови за претстојниот период

23 јули, 20190
Capture

Selena Gomez се обидува да ја избегне целата негативност од социјалните мрежи и медиуми, што за неа, како една од најистакнатите познати личности е неизбежна. Сепак, изгледа дека е подготвена да се врати во центарот на вниманието и  повторно да почне да се забавува.

Овој викенд, Selena беше деверуша на свадбата кај нејзината братучетка Priscilla DeLeon, што им помогна на странските медиуми да дознаат некои нови информации за неа:

„Selena Gomez е одлично. Таа целосно го трансформираше своето здравје и начин на живот. Поради тоа има помалку воспаленија и симптоми на лупус”.

Истиот извор, исто така, откри детали за нејзиниот љубовен живот, откривајќи дека е подготвена да најде ново момче. Сепак, додава дека Селена не сака да брза.

„Оди полека, се фокусира на себеси и на музиката, поминува време со своето семејство и пријателите, подалеку од јавниот живот, пишува нова музика и се надева дека ќе објави нешто на почетокот од следната година“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *