Креативниот директор на Balmain откри за која војводка би сакал да шие
Meghan или Kate?
33-годишниот креативен директор на Balmain, Olivier Rousteing, во повеќе прилики има зборувано за тоа како целиот негов живот, како посвоено дете од домот во Bordeaux, морал да се бори за принципот на разновидност во модата.
Еден од највлијателните дизајнери во новото интервју за „Daily Mail“ призна дека би сакал да соработува со Војвотката на Сасекс по секоја цена. „Од рана возраст, бев навистина опседнат со кралското семејство. Отсекогаш мислев дека Diana е стандард за принцеза. Но, денес ја сакам Meghan. Таа е убава. Би сакал барем еднаш да и сошијам фустан, оваа жена зрачи со самодоверба и сексуалност, но во исто време таа го почитува протоколот. “
На слично прашање за Melania Trump, дизајнерот одговори со пристојна тишина. „Не знам. Таа е неверојатно убава жена. Можеби ако ја запознаам и можам да разговарам … “