Kris Jenner откри колку наплаќаат нејзините ќерки за објавите на социјалните мрежи

18 април, 20190
крис

Колку ги чини брендовите една објава на Kim Kardashian?

Kylie Jenner од неодамна е на врвот на листата на најмладите милијардери, додека Kim Kardashian откри дека има цела соба посветена на дизајнерски ташни. Ваквите детали од животите на Kardashian кланот ни даваат прилично добар впечаток за нивната просечна заработка. Но, од каде всушност доаѓа најголемиот дел од нивниот приход?

Kris Jenner, го откри опсегот за она што го наплаќаат нејзините ќерки за спонзорираните објави на социјалните медиуми. За време на интервјуто за CBS Sunday Morning – што се емитуваше вчера на американската телевизија – рече: „Моите ќерки постојано добиваат понуди за да објавават нешто на социјалните мрежи за некоја компанија или бренд”.

„Тие мора да платат една цена за Instagram feed, друга цена за Instastory или трета за Facebook… постои цена за сѐ”.

Потоа објасни дека постои разлика во цена во зависност од производот што се рекламира. Фармацевтските производи и сè што се пие или ќе го стават на своето тело, чини најмногу. Иако не беа објавени точните бројки, Kris додаде: „Дефинитивно шестцифрен број“.

Значи, додека Kim заработува 100.000 долари од Insta post, ние се радуваме на првите 50 лајкови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *