Кристијано Роналдо: Сакам повторно да бидам слободен

11 октомври, 20190
KR

Животната приказна на фудбалскиот ас Кристијано Роналдо е достојна за сценарио за возбудлива драма со среќен крај. Тој пораснал во сиромашно семејство како најмлад од четирите деца на готвачката Марија Долорес дос Сантос и градинарот Хозе Динис Авеир. Со својот талент, но и неговата огромна работа, тој успеа од животот да создаде бајка. Парите повеќе не се негов мотив, но тој, како и сите други, има добри и лоши денови.

– Животот е полн со лоши и добри денови, но кога имате лоши денови, само треба да продолжите понатаму затоа што ќе дојдат добрите денови, изјави 34-годишниот играч на Јувентус на промоцијата на неговиот најнов парфем. Славниот Португалец призна дека славата станала товар и тој копнее по приватноста.

– Досадно е да се биде на мое место – дел од тоа е фантастично, но сакам одредена приватност. Не ги носам децата во парк затоа што се појавуваат фановите , а потоа моите деца се вознемируваат. Кога сте во јавност, не можете да бидете свој. Досадно е. Сакам да бидам повторно слободен , рече Роналдо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *