Lady Gaga ја откри вистината во врска со Breadley

1 март, 20190
gaga 2

Сите едвај чекаа да слушнат.

Минатиот викенд, во Долби театарот во Лос Анџелес, се одржа доделувањето на 91. издание на најпрестижните филмски награди, Оскар, а целото шоу го украдоа  32-годишната пејачка и актерка Lady Gaga и 44-годишниот актер Breadley Cooper. Имено, ова славно дуо ја изведе песната „Shallow“ од филмот „A Star Is Born“ во кој глумат и двајцата и имаа неколку номинации за Оскар. Настапот предизвика гласини за нивната наводна љубовна врска. Gaga на крајот освои и Оскар, а во гостувањето на емисијата „Jimmy Kimmel Live“ ја откри вистината за нејзиниот однос со Breadley.

Откако Kimmel ја праша Gaga за изведбата и односот со познатиот актер, пејачката преврте со очите и разочара многу фанови со својата изјава. „Првенствено, социјалните медиуми се тоалетот на интернетот и она што тие и го направија за поп културата е дно на дното. Луѓето видоа љубов и погодете што? Ние сакавме тоа да го видат. Ова е љубовна песна, филмот е љубовна приказна“, рече таа, додавајќи дека е многу задоволна од начинот на кој Cooper ги режирал настапот и филмот. „Од гледна точка на настапот, навистина беше важно постојано да го имаме тој однос. Мислам, погледнете, Tony Bennett  го гушкав три години за време на светската турнеја. Кога пеете љубовни песни, љубовта е она што сакате луѓето да го чувствуваат“, искрено рече таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *