Lady Gaga отвори сопствен музеј во Лаз Вегас!

6 јуни, 20190
гага

Ако мислевте дека комбинациите кои ги носи Lady Gaga се достојни за во музеј, не сте единствените, бидејќи и самата пејачка го мисли истото и затоа одлучи да отвори сопствен музеј во Лас Вегас.

Популарната пејачка, која неодамна го освои првиот Оскар, додека напорно работи на подготовките на новиот албум и beauty линијата, ни докажа дека на нејзината креативност навистина и нема граница и за да одбележи повеќе од една деценија креативност, Lady Gaga своите најлегендарни комбинации ги стави во музејот наречен House Of Gaga. Така обожавателите ќе имаат можност во живо да ја видат комбинацијата во која пејачката блесна на овогодинешната Мет Гала, како и комбинациите од многуте спотови, вклучувајќи ги и шеширите од спотовите за песните „Alejandro“ и „Telephone“ и  Alexander McQueen Armadillo чевлите кои ги носеше во спотот за песната „Bad Romance”, но ова не е крај, фановите наскоро очекуваат и аукции за неколку музејски парчиња, а целата заработка ќе бидет донирана во добротворни цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi