Lana Del Rey и Jared Leto се пар од соништата
Lana Del Rey, Jared Leto и Courtney Love во генијална нова кампања!
Не ни беше дополнителна потврда дека Lana Del Rey и Gucci се совршена двојка, но ја добивме и се воодушевивме! Легендарната италијанска модна куќа објави нова видео-кампања за парфемот Gucci Guilty, а покрај прекрасната Lana, главната машка улога му беше доделена на Јared Leto, а со нив се појавуваат убави животни кои се честа појава во кампањите на Gucci.
Во кампањата во стилот на 70-тите, главните актери се појавуваат на традиционални американски локации, како што се салон за убавина, перална и ресторан во кој во улогата на келнерка се појавува ни помалку ни повеќе туку легендарната Courtney Love! Lana навистина совршено се вклопи во оваа приказна, а ретро атмосферата на кампањата не инспирираше да го пробаме парфемот!