Мајли Сајрус заврши во болница!

9 октомври, 20190
majla

Возбудливиот живот на Мајли Сајрус го наплати својот данок, па откако го остави сопругот Лијам Хемсворт, но и девојката Кејтлин Картер и потоа заплови во нова романса со пејачот Коди Симпсон, пејачката се разболе и заврши во болница.

Мајли добила воспаление на крајници, а на Instagram напиша дека се обидува што е можно поскоро да оздрави.

„Благодарам мајка што му помагаш на твојот мал пациент да изгледа малку подобро“, напиша Сајрус, заедно со фотографијата од болницата каде што мама Тиш и ја чешла косата.

Исто така ја изненади и Коди Симпсон (22) , со букет рози и неколку отсвирени песни на гитара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *