24 јануари, 2020

Радио

Леонардо Ди Каприо, 45-годишен американски актер, освен по неговите улоги во многубројните филмови кои остварија огромен успех, важи за еден од најпосакуваните ергени во Холивуд и е речиси подеднакво познат по тоа што менува девојки речиси толку често како долна облека, претежно модели во раните дваесетти години. Светските медиуми се изненадени што харизматичниот актер скоро две години е во стабилна врска со 22-годишната манекенка Камила Морон. Па, таблоидот „ОК!“ отиде чекор подалеку и објави дека актерот решил да ја однесе убавата Аргентинка пред олтар, со помош на Бред Пит.

Поточно, актерот кој е во врска со Камила од април 2018. година, наводно и предложил брак со помош на советите на пријателот Бред Пит.

 „Бред, кој зад себе има неколку бракови, му дал на Лео неколку упатства за како идеално да ја запроси. Се разбира, Камила се согласи“, изјави анонимниот извор, кој истакна дека двајцата актери навистина многу се зближиле за време на снимањето на филмот „Once Upon The Time In Hollywood“.

„Иако се познаваа и пред да започне продукцијата, тие практично станаа најдобри пријатели за време на снимањето, така што не е изненадувачки што Лео му предложи на Бред да му ја организира ергенската вечер и да му биде кум на свадбата“, рече изворот. Во овој момент, никој од актерите не даде никаква изјава за гласините, ниту пак ги негираа, па останува да се види колку има вистина во нив.

Потсетуваме, Леонардо беше критикуван од многумина во врска со оваа убавица поради огромната разлика во години, но тој наводно, никогаш немал девојка која е постара од 25 години, а листата е голема… Леонардо и Камила ги запозна нивниот заеднички пријател, 79-годишниот актер Ал Пачино, но тогаш Камила имаше само 10 години.

Остави коментар

Почетна // Забава // Најпосакуваниот холивудски ерген конечно ќе го каже судбоносното „ДА“
Горе