По само четири месеци врска, се
чини дека љубовната романса на комичарот Пит Дејвидсон (25) и актерката Кејт
Бекинсејл (45) заврши. Имено, извор близок до парот за “Entertainment
Tonight” тврди дека повеќе не се заедно.
– Се разделија, но сѐ уште се во добри односи, би рекол и дека станаа
најдобри пријатели – објасни изворот.
За нивната врска почна да се
шушка на почетокот на годината на доделувањето на „Golden Globes“, а набрзо
потоа двојката повеќе не ја криеше својата интимна страна од јавноста.
Пит само неколку месеци претходно ја
раскина веридбата со пејачката Аријана Гранде (25).
„Кејт и Пит беа многу заљубени, но
се разидоа во погледите за светот”, додаде тој.
Актерката,
која пред Дејвидсон, беше во врска со 22 години
помладиот водител и модел Метон Рејф, на почетокот на врската го облеваше со
комплименти поранешното момче на Ариана Гранде.
“Никогаш
не сум била на никој како него, тој е полн со непредвидливост, и тоа ме
возбудува”, рече Кејт.