25 април, 2019

Радио

Кејт Мидлтон стана дел од кралското семејство во 2011. година, но сепак не ги знае гастрономските навики на кралицата Елизабета. Имено, војвотката посетила училиште во северниот дел на Лондон и во таа пригода подготвувала пица со своите ученици.

Во еден момент, добила прашање дали кралицата јаде пица или дали барем пробала, но Кејт немаше подготвен одговор.

 

-Интересно прашање. Искрено, не знам. Морам да ја прашам следниот пат кога ќе се видиме дали некогаш вкусила пица, им одговори Кејт  на љубопитните деца.

Остави коментар

Почетна // Забава // Ни после осум години во дворецот: Војвотката Кејт откри што не знае за кралицата Елизабета
Горе