Новата фотографија од малиот Арчи го освои светот

13 мај, 20190
megan

Меган Маркл и принцот Хари на 6 мај станаа родители. Два дена подоцна, војводата и војвотката од Сасекс својот син Арчи и го претставија на јавноста, а на Денот на мајките, објавија нова фотографија од нивниот наследник.

На фотографијата се гледаат стапалцата на бебето, кои ги придржува мама Меган.

– Денес им оддаваме почит на сите мајки – на поранешните, сегашните, идните и на оние кои се изгубени, но засекогаш ќе останат запаметени. Ние го почитуваме и го славиме овој празник за секоја од вас. Денес е Денот на мајката во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Кенија, Јапонија и неколку земји низ Европа. Ова е првиот ден на мајката за војвотката од Сасекс – напишаа под фотографијата.

За само два часа, сликата доби речиси еден милион лајкови, и се претпоставува дека е фотографирана во Frogmore Cottage, каде што живеат Хари и Меган.

Арчи Харисон е роден во понеделник наутро, а на јавноста и беше претставен во средата кога беше објавено и неговото име.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi