Обожавателите се збунети: Ријана и Крис Браун се повторно заедно

24 октомври, 20190
riri

Тие беа еден од најпопуларните парови, нивната врска беше турбулентна и страсна. Сепак, во 2009. година кога Ријана и Крис Браун требаше да настапат на Греми наградите се случи инцидент. Раперот брутално ја претепа пејачката, а фотографиите од нејзиното уништено лице го шокираа светот. Пет години условна казна, задолжителна терапија во центар за превенција од семејно насилство и лоша репутација беа казните за Крис, а пејачката сепак не престана да го сака, што своевремено тоа го призна во шоуто Опра Винфри.

 – Крис е љубовта на мојот живот. Тој е мојата прва љубов и некои спомени едноставно не можам да ги исфрлам од себе. Бевме млади, заљубени и нескротливи. Не умеевме правилно да ги канализираме своите чувства. Поради тоа и двајцата правевме грешки – рече Ријана во таа во оваа пригода, која сега уште еднаш докажа дека му простила на поранешното момче.

Поточно, на својот Instagram, пејачката објави видео во кое ја промовира својата нова колекција на сјај за усни, додека во позадина се слуша песната на Крис. Тоа нормално го забележаа обожавателите и се огласија со коментири, а потоа се огласи и самиот Крис Браун.

– До крајот на животот. Продолжи да победуваш кралице “, напиша тој.

Потсетуваме, на неодамнешната фотографија која ја објави пејачката, Крис без двоумење го искоментира изданието на Ријана во долна облекa. „Сакам да бидам ламбата“, напиша пејачот , мислејќи на ламбата која се наоѓа во аголот на фотографијата. Ова ја изненади јавноста, со оглед на тоа дека со години немале никаков контакт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *