Официјално е потврдено: Меган И Хари заминаа од Велика Британија

5 декември, 20190
mh

Притисокот на јавноста беше пресуден

Иако многу се зборуваше за нивното патување во САД и празниците што планираат да ги поминат со семејството на Меган, судејќи според пишувањето на Hollywood Gossip, војводата и војвотката од Сасекс,  во друштво на шестмесечниот Арчи, веќе отпатувале во Америка, а сето тоа е направено во строга тајност.

Поточно, веста за заминувањето на кралската двојка од Велика Британија, оваа недела ја потврди и кралскиот дописник Омид Скоби, кој во својот подкаст рече дека Хари и Меган на „големото патување во САД – приватно го прославиле Денот на благодарноста во друштво на нивното потесно семејство“. Тој исто така додаде дека парот, во друштво на малиот син, нема да се врати од Америка наскоро.

Потсетуваме, во средината на октомври, во јавноста се појавија вестите дека Меган и Хари заминуваат за Америка. Од кралската палата тогаш изјавија дека 38-годишната Меган и 35-годишниот Хари ќе заминат на „потребен семеен одмор“ поради големиот притисок на британската јавност, кој не можеле повеќе да го издржат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *